Нови несогласувања во „Фени”

од desk4

Нови протести и блокади најавија транспортерите на Фени. Во понеделник три часа ќе го блокираат патот Кавадарци – мотел Дреново, но ќе постават 24 блокада на влезот на фабриката и нема да дозволат ниту влез, ниту излез на камиони во комбинатот.

Блокадата ќе трае се додека не им се исплати стариот долг, кој преку фирмата Нова логистик, им го остави претходниот сопственик на Фени, холандски Кунико, информира ТВ24.

 

„Доколку закупците на Фени се обидат да вршат превоз со железнички транспорт од наша страна ќе биде блокирана и железничката пруга кај Росоман.

Целта на протестите е изразување на револт поради не плаќањето на долговите кои Фени ги има кон транспортерите, а дозволувањето на закупецот да прави пофит без да ги плати долговите“, вели Трајче Пеовски – претседател на Здружение на транспортери „Кипер“ – Кавадарци

Ова доаѓа откако пред два дена пропаднаа преговорите меѓу Џи сол, фирмата Нова логистик и транспортерите. Швајцарците за тоа ги обвинија луѓето од  Нова логистик, кои според нив, не се придржувале на договореното кај вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Од Нова логистик вратија, Џи сол е тој кој едно прифати пред вицепремиерот, а сосема друго ни предложи следниот ден.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини