Нови победи на водечкиот двоец Јувентус и Наполи

од Vladimir Zorba

 

Двете водечки екипи на табелата во фудбалското првенство на Италија, шампионот Јувентус и составот на Наполи забележаа нови победи.gol

Првакот Јувентус на гостински терен минимално со 1:0 го совлада Палермо, и тоа благодарение на авгоголот на Едоардо Голданига во 49-минута.

Наполи пред својата публика со 2:0 го совлада Киево, а головите ги постигнаа, Маноло Габиадини (24-минута) и Марек Хамшик (39)

Во останатите натпревари од ова коло ќе играат: Торино – Рома,
Џенова – Пескара, Интер – Болоња, Лацио – Емполи, Сасуоло – Удинезе и Фиорентина – Милан (денеска), Кротоне – Аталанта и Каљари – Сампдорија (понеделник).

Табела: Јувентус 15 бодови, Наполи 14, Рома 10, Интер 10, Киево 10, Милан 9, Болоња 9

Слични содржини