Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од денес па во наредните две недели горивата ќе се продаваат со цена повисока за 0,5 односно 2 денари во однос на претходната.

бензин

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 58 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 60 денари за литар. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 41 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство е поскапо за 2 денари и чини 29,5 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС е зголемена за 2,389 денари за килограм и изнесува 15,246 денари.

Регулаторната комисија за енергетика новата цена на горивата ја утврдила врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена

Слични содржини