По поништувањето на аболицијата повторно се отвори пат за работа на СЈО и веднаш почнаа ишкањата на мувите од „ невините“. Де порталското и фејсбук плукање, де да дојде на дуел  Катица Јанева, де судот прифаќа да работи по налог на СЈО ама не гледа „вина“… и .т .н , во стилот на  тој пакет „еден чекор напред два назад“. Според јавноста која будно ја следи работата на СЈО и тимот на Катица Јанева, следната сопка за да не може ништо да се ефектуира од обвиненијата од „бомбите“, ќе бидат  законски „недоследности“ која игра ќе ја води Уставниот суд кој самиот се промовираше во селски и полуписмен околиски суд,  кој работи кој како ќе го натисне, и  не по словото на закон и Устав кој треба да го бранат. Се искомпромитира оваа гарнитура  на уставните судии, и сите само чекаат да видат како ќе се пењават и како и целата политика на власта во пакет со партизираните  институции на државата ќе носат одлуки, па ќе се посипуваат со пепел,  и така со ред,  додека не дојде „шумарот“.SJO, mazedonische SonderstaatsanwaltschaftLeiterin der CJO: Katica Janeva1. Stellverterin und Sprecherin: Lence Ristoska2. Stellvertreterin: Fatime Fetai

Во тој контест поранешниот уставен судија Бајрам Положани, предупредува на  можноста Законот за Специјалното обвинителство или некои негови делови да бидат поништени. Според Положани, Уставниот суд по нарачка на власта, може да ги искористи законските дупки и со тоа или да го укине СЈО или да го стави под контрола на Јавното обвинителство на Марко Зврлески.

„Може да се случи да се укине целиот закон или некои негови диспозиции за режимот на мнозинството да добие на време и преку новите законски измени да го стави Специјалното обвинителство во рамките на Државното обвинителство, како еден специјален оддел, со што би нашле соодветна уставна основа за да можат преку државното обвинителство да го контролираат“, вели за Алсат М, Бајрам Положани, поранешниот член на Уставниот суд.

И покрај притисокот од меѓународниот фактор, Положани вели дека нема да прекинат игрите со кои ќе се попречува работата на Специјалното обвинителство се’ до предвремените избори, се со цел да не се наруши довербата на граѓаните во оние кои СЈО ги сомничи за сторен криминал.

„Може да се случи да се одложат процесите и да дојде до датум на избори и техничка преодна влада,а процесирањето на предметите да се одложи за по изборите и да се ревитализираат евентуалните виновници за досегашната криза во правниот и политички систем, но и воопшто во општеството во Македонија“, додава Положани.

Уставноста на законот за формирање на СЈО Светскиот македонски конгрес и адвокатот Томе Тодоровски го оспорија пред 8 месеци.И тоа се остави да се активира во дадена ситуација кога ептен ќе му се доближат на Никола Груевски. Се проценува дека сега се доволно , дури и преблиску, бидејќи една прошетка до суд веќе му направија, а тоа е само најава.

Не се исклучува можноста едната од овие иницијативи Уставниот суд да ја стави на дневен ред оваа недела, иако за тоа се’ уште нема официјално соопштение.

Опозициската СДСМ и демонстрантите на „Шарената револуција“ од Уставниот суд побараа до 18 јуни да се произнесе за уставноста на СЈО.лисици

Од друга страна иако ја блокираат работата на СЈО, во исто време власта , перманенетно преку своите медиумски мегафони си ја одработуваат гебелсовската пропаганда. Тие пукаат на СЈО, работата на симнување на  довербата кон  СЈО и ја девалвираат и ставаат под сомнеж работата на тимот на Јанева. Главната поента е бришење на релевантноста и институционалната сила  и , поистоветување на СЈО,  со некаков приватен  суд на СДСМ, бидејќи друго оружје за  прекинување на работата е неможно. Клучното е само да се одлага, и да се добива на време. Се ова според договорот од Пржино е предвидено, и до колку некои законски решенија бидат поништени , во рок од 5 дена треба да бидат изгласани нови  и надополнувања на тие решенија, за  да нема застој во работата на СЈО.

Сепак, купувањето време и одлагањето на процесуирање на обвиненијата кои произлегуваат од бомбите и обвиненијата , му помагаат на Груевски и  ВМРО ДПМНЕ. Јасно е дека  со силна кампања , медиумското лажење и перење мозок на јавноста, се вежба една друга мобилизација на членството за бранење на „невиноста“ на партијата.  Токму со тоа купување време,  му  се обезбедува  една сосема друга позиција на Груевски и братјата, во  релативизирање на која било пресуда и непризнавање вина. Тоа значи последна сламка за заштита од апсење, и многу поважно дури и ако тоа се случи,  а не е иклучено, оддржување на  духот на гласачкото тело на власта. Не е за занемарување истити како пишување оправдување  и оддржување  на секогаш подмитливите колиционери  и најбитното- единството на ВМРО ДПМНЕ . Тоа е многу битен елемент за изборите кои секако дека доаѓаат и тоа може да биде суштината на целата кампања , дури иако му се пресуди на лидерството. Некои може и ќе мора да влезат во Идризиово, ама  да не и се пресуди на партијата. Купувањето и одлагањето време сепак не е само потврда за страв вина и пораз, како што тоа  сакаат да го гледаат опозиционерите.Добиена битка и добиена војна не е исто !

Ад

Слични содржини