Новинар од „Порталб“ денеска доби закани по објава на текст за Блерим Беџети

од Vladimir Zorba

Новинар што работи во порталот на албански јазик „Порталб“ (portalb.mk) денеска доби закани, откако на овој медиум беше објавен текст за можни злоупотреби на службената положба од страна на поранешниот министер за правда и поранешен градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети.

Случајот бил пријавен во полиција, а биле известени и Здружението на новинари, делегацијата на Европската Унија како и други надлежни органи.

Во текстот на „Порталб“ за Блерим Беџети пишува дека како градоначалник на Сарај, овозможил тендер во вредност од 810.000 евра да го добие неговиот шеф на кабинет, Бекир Муамеди.

извор: Мета

Слични содржини