Петте професионални организации на новинарите и медиумската заедница: ЗНМ ССНМ,СЕЕМ МИМ и ИКЦ , најавија дека денеска до Собранието ќе достават предлог закон за медиумите кој ќе биде на иста линија со предлозите на европскиот посредник Питер Ванхауте. Целта според иницијаторите е да се врати повторно замрнзатата дебата за медиумките реформи, која е обврска и потреба според договорот од Пржино, и истата да се префрли од затворениот простстор во клубот на пратениците во парламентот, каде што не само четирите партии, туку јавно пред граѓаните ќе можат да разговараат сите пратеници и сите парламентарни партии.znm-ssnm-mim-300x225

Предлогот, не е нов и не е непознат велат од овие организации, тоа е предлогот на меѓународната заедница претсавен преку предлогот на посередникот Питер Ванхојте.

Nake-mediumi-3Иницијаторите очекуваат дека повеќе пратеници ќе застанат зад овој предлог и ќе отоврат дебата за медиумските реформи од собраниската говорница.

Инаку предлог закон за медиуми во Собранието достави и СДСМ. Според најавите расправата за него треба да биде закажана откога еднаш беше одложена, а свој предлог до собранието се очекува да достави и ДУИ. Според најавите станува збор за комплетно нов закон кој е неприфатлив за СДСМ. Пратениците на Заев нема да го гласаат бидејќи за нив предлогот на ДУИ е во координација со ВМРО-ДПМНЕ и тоа нема да биде закон што ќе произлезе од Пржинскиот договор.

Преговорите на работните партиски групи за медиумите се прекинати. Иако партиите не се усогласија по ова прашање пораките на меѓународната заедница се дека на земјава и се потребни независни и професионални медиуми, и порачуваат дека реформите и усогласувањата треба да продолжат.

Слични содржини