Новини во оданочувањето по критиките од ЕК

од desk2

По критиките во извештајот на Европската Комисија за даночниот систем во земјава Владата најави новини. Покрај прогресивниот данок, Владата ќе ја засили фискалната дисциплина и кај компаниите кои имаат свои фирми ќерки.

„Пред се околу трансферните цени на компаниите кој имаат свои ќерки компании во други држави, како и начинот на префактурирање, односно на наплаќање или ценовната политика на компаниите кога си продаваат од мајка на ќерка компанија од една во друга држава.Тоа е причина за многу пропаднати компании во Маедонија, а воедно тоа е една од причините со кои Фени дојде во состојба во која дојде“, рече Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања.

Даночните експерти пак сметаат дека треба праведно оданочување, но и да им се каже на граѓаните на што ќе се трошат нивните пари кои преку давачки ги уплаќаат во дражавната каса.

„Во првата фаза мислам дека би требало да се капитаните добивки и затворање на дупките кои овозможуваат избегнување на плаќање на данок. Даночниот систем во Македонија е многу бавен, е со тесна даночна структура и не се почитуваат правата и правните интереси на даночните обврзници“, вели Златко Блажовски – даночен експерт.

„Онаа што Асоциацијата ја интересира е стратегијата на трошење на министерството за финасии. Односно како тие средства во иднина ќе се алоцираат и за кои намени ќе бидат трошени“, рече Благица Петрова – Асоцијација на економски истражувачи.

Според студијата на „Фајнанс тинк“, фискалната консолидација базирана на зголемување на даноците, пред да се изврши поправка на системот во делот на сивата економија може да доведе до дополнителна даночна евазија.

Слични содржини