Новиот Драмски театар ќе го гради Бауер БГ за 10 милиони евра

од desk3

На местото на стариот Драмски театар ќе се гради нов. Ќе го гради фирмата Бауер БГ која го доби тендерот. Договорот со изведувачот е склучен на три години. Каде ќе бидат сместени вработените од Драмски за време на градежните операции сеуште не се знае.

 Драмски театар е една од најстарите театарски институции во земјава. Отворен е во март 1965 година и за  52 годишното постоење во него се одиграле најзначајните претстави за македонскиот театар, како „Јане Задрогаз“, „Солунски патрдии“, „Болва во уво“, „Диво месо“ и „Чија си“.
Инаку првата претстава која се одигра на театарските даски во Драмски беше „Питачка опера“.
Седум години се прават подготовки за изградба на овој објект. Министерството претходно се откажа од планот за јавно приватно партнерство иако за физибилити студија беа потрошени 170 илјади евра. Милионскиот договор со Бауер БГ го потпиша техничката влада во време на формирање на нов владин состав, што е спорно според дел од антикорупционерите.

Слични содржини