Новиот филм на Ема Стоун ја предводи листата на „Ролинг стоун“

од Vladimir Zorba

Новиот филм во кој играат Ема Стоун и Рајан Гослинг “La La Land” ја предводи листата на списанието “Ролинг Стоун” за најдобри филмови на годината, со што тој зададе нова најава за силно претставување на наградите “Оскар”. 5191863Критиката на списанието Питер Траверс го оцени мјузиклот соодветно високо, давајќи му предност пред некои од другите фаворити за наградата во категоријата “Најдобар филм” на престижните американски награди како “Manchester by the Sea”, “Moonlight” и “Fences”.

Во првите десет на листата влегуваат исто така и новиот филм на Мартин Скорсезе “Silence”, како и биографската лента за животот на Џеки Кенеди по смртта на Џон Кенеди. Во исто време претходно минатиот месец едни од најпознатите американски критичари дадоа знак дека Ема Стоун може да е следната носителка на “Оскар” за главна женска улога.

Таа стана фаворит на критичарите во престижниот сајт GoldDerby.com кој прави проекции за носителите на кино одликувањата.

Слични содржини