Сите 111 присутни пратеници со народниот дом, гласаа ЗА и новиот Законот за специјален обвинител , и со тоа изборот на специјалниот обвинител ја помина првата бариера. Сега законот треба да го потпише претседателот Иванов, но бидејќи тој е во посета на Црна Гора, со државниот авион ќе му биде испратен законот за да го потпише указот за негово прогласување. Отако Иванов ќе стави параф,преостанува уште Катица Јанева да биде избрана од Советот на јавните обвинители.Се очекува до вечерва да заседава советот и надојцна до полноќ да заврши целиот процес околу изборот на специјалниот јавен обвинител

katica-janeva

Јанева е целосно непозната за пошироката јавност, но не и во правосудните кругови.

Има 50 години и повеќегодишно искуство. Во Основното јавно обвинителство во Гевгелија почнала да работи како стручен соработник во 1998 година. За заменик обвинител била избрана во 2003 година, за обвинител во 2010, а лани била реизбрана на функцијата обвинител во гевгелиското обвинителство. Колегите ја опишуваат како личност без партиски „опашки“, која постапува независно и професионално. Ваквата слика за идната специјална обвинителка, денеска ја потенцираше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

Слични содржини