Ново 20! Стејт департментот ги обелодени пораки на Хилари Клинтон

од Vladimir Zorba

Електронските писма, кои се вкупно 1250, биле откриени при истрагата на ФБИ

20100128-lyvrbditckФБИ проверува како таа користела приватен сервер за испраќање на пораки кои содржат класифицирани информации. Скандалот околу тоа трае  со месеци и најверојатно ќе и  наштети на кампањата на поранешната прва дама.

Кандидатот на републиканците за претседател Доналд Трамп го критикуваше остро својата соперничка и рече дека нејзиното место е во затвор.

Директорот на ФБИ Џејмс Коми одлучил да го извести Конгресот, дека е започната истрага на новооткриени пораки на Клинтон. Тоа тој го  направил делумно поради стравувањата од истекување на информации, пренесе Ројтерс.

Изворите на агенцијата сметаат малку веројатно  е ФБИ да излезе со нови слични откритија пред претседателските избори во вторникот.

Коми, кој е републиканец, ја обелодени веста за  истрага минатиот петок, односно 10 дена пред изборите. Тоа предизвика прашања за неговите мотиви и му навлече критики, но претежно од страна на сопартијците на Клинтон.

ФБИ ја сврте истрагата надвор од фондацијата на Клинтон! Има докази за корупција и подготвува обвиненија

Трката за Белата куќа станува многу оспорувана во последната недела. Излезот во корист на Хилари Клинтон веќе не е сигурен, покажува заедничките истражување на институтот Ипсос и Ројтерс.

На пример Трамп и Клинтон веќе  се со израмнети позиции во Флорида и Северна Каролина според денешната анкета.

Трамп сепак треба да победи по секоја цена таму за да има добри шанси за Белата куќа. Клинтон може да си дозволи да загуби и  во двете држави и пак да  победи.

Демократката останува фаворит пред изборите во вторник. Но нејзиниот републикански противкандидати веќе имаат зголемени изгледи да победат, особено при нагло намалување на одѕивот меѓу Афроамериканците во споредба со изборите во 2012 година

Слични содржини