Ново нафтено наоѓалиште откриено во источен Арктиот

од Vladimir Zorba

Специјалисти на компанијата “Роснефт” открија при сондажа наоѓалиште на нафта во Хатангскиот залив во морето Лаптеви, кое содржи значително количество, пренесоа руските агенции.

По тој повод, рускиот министер за природни ресурси и екологија Сергеј Донској изрази уверување дека во блиско време во Хатангскиот залив ќе може да бидат откриени и други нафтени наоѓалишта. Роснефт почна со дупчење во реонот на почетокот на април.

Претседателот на “Роснефт” Игор Сечин смета дека ресурскиот потенцијал само во реонот на морето Лаптеви претставува 9,5 милијарди тони нафтен еквивалент. Во оценката на специјалисти до 2050 година арктичкиot крај ќе обезбедува меѓу 20 и 30% од целите руски нефтени полиња.

Слични содржини