Ново рочиште за „Сопот“ – ќе бидат сослушани сведоците

од desk2

Денеска продолжува судското рочиште за предметот „Сопот“ во кој 10 лица се обвинети за тероризам. На денешното рочиште треба да се сослушаат сведоците.

Одложувањето на претходното рочиште беше направено по барање на одбраната поради промена на судиите во кривичниот совет и поради фактот што специјалното јавно обвинителство го застапува обвинението. Адвокатот Вулнет Пачуку од судијката Деана Груевска-Илиевска побара повеќе време за подготовка на одбраната.

Во случајот „Сопот“ обвинети се 10 лица за смртта на двајца полски војници и еден македонски државјанин кои загинаа во 2003 година кога теренско возило на НАТО нагази на мина./Makfaks

Слични содржини