Владата денеска од домашните кредитори преку аукција на државни хартии од вредност ќе се задолжи со 7,07 милиони евра.  Веќе во среда,  државата ќе треба да им врати идентична сума на кредиторите  и да ги подмири старите долгови.

 долгови

Од почетокот на годинава, владата закажа четири аукции, а се одржа само три. Владата денеска планира да се задолжи со нови 5,5 милиони евра. Според планот објавен од Министерството за финансии, на аукцијата на државни хартии од вредност ќе бидат понудени тримесечни записи во вредност од 813 000 евра и државни обврзници за 162 000 евра со рок од 15 години.

Денеска повторно ќе бидат организирани и двете одложени аукции од 2 февруари.Ќе се нудат шесетмесечни и едногодишни записи со вкупна вредност од 4,5 милиони евра.

Од почетокот на годинава владата од домашните банки, пензиски друштва,фондови, осигурителни компании и други кредитори собра 32 милиони евра повеке од колку што бараше. Заклучно со декември 2015 година јавениот долг изнесува 4 милијарди 224 милиони евра, или 47 отсто од домашниот бруто производ, што е највисоко ниво измерено до сега.

Слични содржини