„Нова социјалдемократска партија ги повикува своите членови и симпатизери како и сите граѓани на општина Центар во недела на 26-ти април да излезат на рефендум и да гласаат за зачувување на автентичноста на ГТЦ, како симбол на Скопје.

gosakamGTC3

Овој рефендум, како уставна и демократска алатка за изразување на волјата на граѓаните не е само можност за артикулирање на ставот на жителите на Центар, за тоа каков изглед би сакале да има ГТЦ, туку во овој политички момент е повеќе од тоа. Тој претставува силно кренат глас против овој недемократски режим, кој не го нагрди и не направи пародија само од Скопје, туку и од нашето општество и од нашите животи“, се вели во соопштението на НСДП./

Слични содржини