Њујоршката општина ќе побара од САД да и доделат 35 милиони долари за обезбедување на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп од изборите на 8 ноември до неговото стапување на должност на 20 јануари, изјави градоначалникот Бил де Блазио. трамп

По изборот на Трамп за претседател, полицијата во Њујорк воведе вонредни мерки за безбедност во „Трамп Тауер“, неговото живеалиште како и во околните улици.

Операцијата за заштита на милијардерот е комплицирана поради фактот дека „Трамп Тауер“ е на Петтата авенија – една од најпрометните улици во градот, пренесува БТА.

– Одвојуваме значителни ресурси за обезбедувањето на ова место, изјави шефот на њујоршката полиција Џејмс О’Нил.

Градоначалникот Де Блазио наведе дека ќе испрати писмо до американскиот претседател во заминување Барак Обама со цел да започне процедурата за одобрување на парите.

Слични содржини