Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, денеска ќе има средби со претставници на Владата, лидерите на политичките партии, како и со претставници на граѓанското општество.

Првата средба со лидерот на ДИО Али АХмети е веќе во тек а пред вратат чека Мендух Тачи од ДПА

Подоцна Ниланд ќе го посети седиштето на СДСМ на средаб со Зоран ЗАЕВ- СДСМ а потоа со Никола Груевски -ВМРО ДПМНЕ.

 

Како што соопштија од Амбасадата на САД, на средбите ќе се разговара за билатерални и за регионални прашања, неопходноста да се надмине политичката криза, поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и за создавањето услови за веродостојни избори.

Нуланд последен пат беше во Скопје точно пред една година, лани на 13 јули, и тогаш истакна дека САД и ЕУ работат да ги доближат сите страни на политичката криза околу пакетот за разбирање што ќе и овозможи на Македонија „да се врати на одбраниот пат кон евроатланската интеграција за растеж, за добра чиста Влада, владеење на правото, за слободни медиуми, сите тие работи кои се важни за државата“. Подоцна бече потпишан пржинскиот договор

А која вест ќе му ја соопшти Нуланд на Груевски?

Нуланд  вчера ја почна регионалната турнеја со Косово и Албанија, а покрај Македонија ќе ги посети и  Србија, Кипар, Грузија, Украина и Полска.

Слични содржини