нуландка

Премиерот Никола Груевски изутрината оствари телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, при што таа му упатила честитки за решавањето на политичката криза со синоќешниот договор, соопшти владината прес-служба.

– Нуланд честиташе за лидерството кое беше демонстрирано и истакна дека САД останува стратешки партнер на Република Македонија во реализација на реформите, интеграциите и напредокот на нашата земја, стои во соопштението.

Премиерот Груевски ја истакнал посветеноста на Владата за продолжување со реформите кои ќе значат унапредување на стандардите во сите сфери, економски раст и креирање на нови работни места.

Премиерот и се заблагодарил на Нуланд за американскиот придонес во обезбедувањето напредок на земјата.

Слични содржини