Отиде ли Иванов предалеку со амнестијата?, се прашува Ноје Цирхер Цајтунг во коментарот посветен на случувањата во Македонија, потпишан од дописникот на Балканот, Андреас Ернст-пренесува DW на македонски.

0,,19110069_303,00

„Во секој случај, не се работи за класична амнестија затоа што политичарите сѐ уште не беа ни осудени. Но три специјални обвинителки им се зад петиците. Тие истражуваат изборни измами, злоупотреби и други злодела, услови кои мора да ги исполни секој политичар кој сака да се збогати во сиромашна земја како Македонија“.

Освен масовните протести на граѓаните, НЦЦ ги нотира и „недипломатски јасните барања од Вашингтон и Брисел да се укине амнестијата“.

„За првпат по црните години на владеењето на Милошевиќ, Западот и се заканува на една балканска земја со санкции. Македонија притоа е на пат да го уништи и онака слабото владеење на правото“.
Иванов на линија со Москва

Во тој контекст, германскиот весник Der Standard препознава и блискост во ставовите меѓу водечките политичари и одредени земји.

Отец Пимен: Христос воскресна! За сите. И за искрените пролетери

(…) Откако ОБСЕ сигнализираше поддршка за граѓанското општество, рускиот амбасадор протестираше кај Генералниот секретар (на ОБСЕ, н.з.) Рускиот наратив за „манипулација однадвор“ многу силно потсетува на реториката на претседателот (Иванов, н.з.). Во својот говор до „граѓаните“ во врска со амнестијата, Иванов тврдеше дека кризата била креирана од некој друг“.

sjo-tvrdina1-670x503

(…) „Иванов и во говор во јануари го критикуваше мешањето на странските амбасади, кои најпрво ја предизвикале кризата, а потоа се претставиле како решение за неа, откако формирале илегално јавно обвинителство. Очигледно е дека нему одамна интервенцијата на Западот му е трн во око. Тој притоа смета дека Договорот од Пржино во кој посредуваше ЕУ-комесарот Јоханес Хан само ги зголемил тензиите.

Можат да се очекуваат и натамошни шаховски потези. Може да се случи и основањето на Специјалното јавно обвинителство кое е поддржано од ЕУ, да биде укинато од Уставниот суд“, пишува Стандард.
Повеќе ТУКА

Слични содржини