Кафе баровите „Стоби“, „Кубански Бар“, „Џуси Бар“ и кафе барот „Децата од нашата улица“ ќе добијат платен налог со казни од 500 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице од инспекциските служби на општина Центар поради голема бучава која ги вознемирува граѓаните кои живеат во нивна близина.

бучава

Доколку објектите и нивните сопственици не ја платат казната, против нив ќе се поднесат прекршочни пријави.

Инспекциските служби на општината при редовни контроли утврдиле дека во 50 отсто од угостителските објекти имало надминување на максималното дозволено ниво на бучава од 45 децибели.

Инспекциите во периодот јуни-јули 2015-та година, кај правни лица утврдиле неправилности и недостатоци при поставување на урбаната опрема. Тераси со и без настрешница и покриени или непокриени шанкови, согласно одредбите за поставување урбана опрема.

Слични содржини