О.Центар со кривична за претседателот на Кривичниот суд- Владимир Панчевски

од desk3

Општина Центар денеска поднесе кривична пријава против три лица за вршење на градежни работи спротивни на основниот проект и дозвола добиени од општината.

pancevski

Лицата В.П., С.П. и Е.Т., во текот на месеците јули, август и септември, како соизвршители – инвеститори, надградиле два ката на постоечка зграда на ул, “Никола Вапцаров“ бр. 6 со вкупна бруто површина од 551,86 м2, за кои инспекциските служби утврдиле дека се дивоградба.
На 20.10.2016 година, овластениот градежен инспектор на општина Центар утврдил дека спротивно на проектот, кој дозволува само реконструкција и адаптација на објекти, инвеститорите подигнале надградба за која немале одобрение од општината. Општината два пати ги покани инвеститорите на средба, еднаш при надзорот со писмена покана и вториот пат на 20.10.2016 телефонски, на што инвеститорите не се одзваа.

Согласно законските прописи, општината достави барање за отстранување на третиот и четвртиот кат во рок од три дена. Со надградбата, осоминчените како соизвршители сториле кривично дело „бесправно градење“ според член 244а од Кривичниот Законик.
Интегрален текст од соопштение на О.Центар

Слични содржини