Претседателот на САД ја предупреди Русија дека нејзините еднострани воени дејствија во поддршка на Башар ал Асад се “рецепт за катастрофа”, со која ризикува “да биде заглавен во сириското блато”.

zx450y250_2621201

Во првите коментари по повод бомбардирањето, Барак Обама изјави дека Москва била принудена да интервенира не поради силните позиции, туку заради слабоста на Асад и сознанието дека “е недоволно едноставно да го снабдуваат со оружје и пари”. Власта во Дамаск се држи само благодарение на поддршката од Русија и Иран, “но на крајот режимот на Асад ќе падне”, додаде тој.

“Искуството на Русија и Иран да ја зајакнат позицијата на Асад и да се обидат да го смират населението само ќе ги натера да заглибат во и нема да завршат работа”, рече Обама, критикуван во САД дека дозволил Русите да ја почнат најголемата од пред неколку децении демонстрација на сила на Блискиот Исток.

На критичарите на американската стратегија да се бомбардира “Исламска држава” и да се помага на умерените бунтовници, претседателот одговори: “Слушам луѓе како нудат половични идеи како одлуки или се обидуваат да ги омаловажуваат предизвиците на ситуацијата. Би сакал да слушнам да се поставуваат прашања од типот на “Поточно, точно, што би направиле, како ќе го финансирате и на кој начин ќе го задржите одржливо?” Бидејќи обично од критичарите слушам само глупости. ”

Започнатите оваа недела воени дејствија на Русија во Сирија спротивни на американската стратегија се “рецепт за катастрофа”, смета Обама. “Не сме подготвени да соработуваме во руската воена кампања, ако целта и е да ги уништи сите кои не се согласуваат со Асад.” Претседателот претпостави дека неговиот руски колега Владимир Путин не прави разлика меѓу исламистите и умерената опозиција. “САД го отфрлаат руското разбирање, според кое терористи се сите кои се против Асад”, изјави тој и додаде дека руските напади на крајот може само да ја зајакнат “Исламска држава”.

Сирискиот проблем не може да се реши само со воена интервенција. “Ако не успееме локалните сили да се согласат некако да коегзистираат, никаква воена интервенција на САД нема да го реши проблемот и стигнавме до овој заклучок благодарение на искуството од последните 10, 12, 13 години.”

zx450y250_2621203

Извори на “Асошиејтед прес” изјавија во Вашингтон дека во Пентагон дебатираат дали да користат воена сила за заштита на бунтовниците, обучувани и вооружувани од Американците, во случај дека бидат бомбардирани од Русите. Немаме намера да почнеме во Сирија “паралелна војна” со Москва, одговори Обама и објасни дека за САД “е поволнп Русија да биде одговорен и ефикасен учесник во светската политика, кој ќе го сподели со нас товарот на одговорноста”.

Вашингтон е подготвен да работи со Путин за политичко решавање на конфликтот и токму тоа Обама му рекол на првите сериозни билатерални разговори во ОН. “Му реков дека сум подготвен да работам со Русија, ако тој се вклучи како брокер во организирање на преоден процес за промена на власта во Сирија.”

Американските и руските воени претставници ги одржаа првите видео конференциски консултации за тоа како да избегнуваат инциденти и конфликти меѓу себе на небото над Сирија. На нив Американците изразиле загриженост дека руските напади се во територии каде ја нема “Исламска држава” или има незначително присуство.
Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон изјави во интервју за лондонски “Сан” дека првите анализи на Лондон покажувале дека само еден од 20 руски удари поразил објект на “Исламска држава”.
Во четвртокот бомбардирањето разурнало џамија во градот Џиср ал Шугур, над кој сили на Асад ја вратиле контролата претходно оваа година, велат извори од сириските антивладини средини.

Во петокот во целата провинција Хомс биле откажани молитвите од загриженост дека џамиите може да се цели на руските авиони. “Улиците се речиси пусти и неофицијално има полициски час”, вели за “Ројтерс” жител на градот , кој беше бомбардиран во првиот ден на руските бомбардирања.

На исток “Исламска држава” исто така ги откажала петочните молитви во главниот град Ракка.

Слични содржини