Обама: Сега сите навиваме тој да биде успешен

од Vladimir Zorba

„Вчера, пред да бидат изброени гласовите, снимив видео во кое на американскиот народ му реков дека утре наутро сонцето ќе изгрее, и тоа е една од малкуте прогнози што всушност се остварија“, рече американскиот претседател Барак Обама во говорот по повод изборите во САД.

barack-obama

„Знам дека сите имаа долга ноќ. Исто како и јас“, рече Обама и додаде дека зборувал со идниот претседател Доналд Трамп.

„Не е никаква тајна дека новоизбраниот претседател и јас имаме некои прилично значајни разлики. Но сетете се дека пред осум години претседателот Џорџ Буш и јас имавме многу значајни разлики…“

„Функциите претседател и заменик-претседател се поголеми од сите нас. Сите ние сега навиваме тој да успее во обединувањето и водењето на оваа земја. Мирното пренесување на власта е еден од столбовите на нашата демократија.“

Во однос на Клинтон претседателот рече: „Не може повеќе да се гордеам со неа… Се гордеам со неа. На многу Американци им е идол… Нејзината кандидатура и номинација беа историски.“

Слични содржини