94
Американскиот претседател Барак Обама вчера оцени дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп ги навредува луѓето бидејќи е несигурен.
Без да го изговори името на Трамп, Обама рече дека постои причина поради која за време на претседателската кампања републиканскиот кандидат неправедно ги критикува ветераните, инвалидите, Мексиканците.
– Тоа ви кажува дека тој е толку несигурен што себеси се издигнува со тоа што другите ги понижува, изјави Обама.
Американскиот претседател истакна дека неговата реторика е многу вознемирувачка.