Американскиот претседател Барак Обама ги коментираше терористичките напади во Брисел, велејќи дека Америка треба да ја поддржи Белгија во борбата за правда, пишува Huffington Post. “Ова е уште еден пример дека светот треба да се соедини. Ние треба да сме заедно, без оглед на националност, раса или вера во нашата борба против тероризмот”, дополни тој.

barack-obama-1

Обама изјави дека американскиот народ е солидарен со Белгија во врска со експлозиите на аеродромот “Завертем” и на метро станицата “Маалбек”. Од Белата куќа коментираа дека откако се запознал со ситуацијата, претседателот на САД влегол во контакт со белгиските власти.

Според непотврдени информации има тројца повредени Американци во терористичките напади во Брисел. Државниот секретар на САД Џон Кери, кој исто така зборуваше по телефон со белгискиот министер за надворешни работи, изјави дека во моментов Америка се обидува да го разбере статусот на сите американски државјани во Брисел.

Претендентот за претседателски кандидат на републиканците Доналд Трамп ги коментираше нападите во Брисел со барање дека Западот има проблем со муслиманите, пишува The Independent. Тој дополни дека треба да се посвети поголемо внимание на џамиите и она што се случува во нив.

Слични содржини