Претседателот на САД Барак Обама си отвори профил на Фејсбук, приклучувајќи се на милијарди други корисници на социјалната мрежа.4500060

Првиот пост Обама го посвети на климатските промени. Во додадено видео, првиот човек на Америка забележува: “Се надевам дека гледате на Фејсбук како на место каде што можеме да водиме сериозни разговори за најважните нешта за нашата земја”.

Во видеото Обама ја запознава Фејсбук заедницата со интересни нешта од “кујната” кои се случиле во текот на 7-те години, откако тој е претседател – појавата на лисица во паркот на Белата куќа, на јастреб плус бројни Верверици, кои се редовни гости.

“Има секакви суштества тука”, забележува Обама.

На крајот на месецот американскиот претседател ќе отпатува за Париз, каде што ќе учествува на светската конференција за климатските промени. Обама апелира за поддршка за донесување на строги мерки во однос на ова, бидејќи според него домининтните републиканци во Конгресот не ја разбираат сериозноста на проблемот.

Слични содржини