Обама во Берлин пречекан како рок ѕвезда

од Vladimir Zorba

Поранешнниот американски претседател Барак Обама, кој денеска пристигна во посета на Германија, во Берлин беше пречекан како рок ѕвезда.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за време на јавната дебата пред Бранденбуршката порта, на која учестуваше и германската канцеларка Меркел Обама, екс-претседателот на САД и покрај облачното време го поддржуваа илјадници луѓе.

Обама, кој во Берлин пристигна во чест на одбележувањето на 500 години од реформацијата во Католичката црква, ја пофали улогата на Меркел во светската политика и ја нарече „омилен партнер“.

Посетата на Обама на Берлин, и покрај тоа што тој не е активен претседател, беше покриена со највисоки мерки за безбедност. Небото над Берлин постојано го прелетуваа хеликоптери, а на покривите на голем број згради во центарот на градот во близина на Брандербуршката порта беа поставени снајперисти.

За време на дебатата, Обама остро го нападна планот на неговиот наследник Доналд Трамп за изградба на ѕид кон Мексико и ја пофали Меркел за нејзината исклучителна работа во развојот на либералната демократија.

Според него, таа е еден од најважните борци против национализмот и ксенофобијата.

Во германските медиуми посетата на Обама се толкува и како отворена поддршка на Обама за Меркел, која со нејзината партија во септември учествува на сојузните парламентарни избори.

Пред пристигнувањето на Обама во Берлин, германските власти уапсија четворица потенцијално опасни исламски активисти.

Слични содржини