Обама за своите говори наплаќа по околу 400.000 долари

од Vladimir Zorba

  Поранешниот претседател на САД, Барак Обама за своите говори на разни конференции наплаќа по околу 400.000 долари.

В понеделник, тој ќе се обрати пред највлијателните претставници од здравствената индустрија на САД, на конференција во организација на американската компанија „Кентор Фицџералд“, на која ќе зборува за Законот за здравство од 2010 година, познат како „Обамакер“.

Се претпоставува дека за говорот ќе му бидат исплатени околу 400.000 долари.

Обама во август годинава се обрати на собир во Њујорк, кој го организираше приватната фирма за банкарски менаџмент „Нортерн Траст“, за што му беа исплатени околу 400.000 долари.

Од мај годинава, Обама го наплати своето присуство на разни собири во Италија, Германија, Велика Британија, Канада, Индонезија и Јужна Кореја.

– Откако ја напушти функцијата, претседателот Обама присуствуваше на приватни и јавни настани, платени и неплатени. Притоа тој донираше два милиона долари за програмата за деловна обука за млади со ниски примања, изјави портпаролот на Обама, Кевин Луис./MIA

Слични содржини