Обдукцијата на починатата родилка од Кичево покажала дека се работи за грешна интубација

од desk2

31 годишната родилка Дебора Џамбази починала при грешно поставање на тубусот при што оштетен е
хранопроводот. Ова укажува дека наместо во дишните патишта цевката за анестезија била ставена во погрешен орган.

Ова се резултати од обдукцискиот наод за кои брифираат од истрагата која се води за починатата родилка во приватна болница при породување со царски рез пред повеќе од еден месец.

За жената која е познат стоматолог од Кичево првично се тврдеше дека настанала жестока алергиска реакција од анестезијата, но според неофицијалните информации од истрагата до кои дојде телма причината не е алергија. Извештајот од обдукцијата уште минатата недела е предаден во обвинителството каде што веќе е отворен предмет. Но од таму се уште не сакаат да коментираат бидејќи предметот се уште е во истрага. За можните причини за смртта веќе зборува и во лекарските кругови но и од таму никој не сака официјално да ја потврди информацијата.

Извештајот е доставен и до лекарската комисија која работи на случајот но од кабинетот на министерот за
Здравство велат дека утре ќе го проверат ова. Сепак и од таму бидејќи се работи за истрага велат дека нема да откријат детали. Директорот на ургентинот центар Илир Хасани вели дека е неблагодарно да се коментираат овие информации и дека она што е во негови ингеренции веќе го сторил.

Го отпушти анестезиологот кој работел на породувањето, бидејќи како вработен во државна болница не смеел да дава услуги во приватна. Освен анестетиолозите, засега нема никави информации околу одговорноста за останатите инволвирани во случајот во кој родилката на која и беше прва бременост почина а нејзиното бебе преживеа.

Инаку во гевгелиската болница пред две и пол години почина родилката Мaја Кaдиева и нејзиното
бебе при интубација. Во обдукцијата беше констатирано декаи таа и нејзиното бебе останале без кислород подолго време поради што настанала смртта. Судењето против анестезиологот и двајцата гинеколози кои го извршувале породувањето се уште трае.

Слични содржини