Според Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, до крајот на оваа и во наредната година се очекува по море да пристигнат во Европа околу 850,000 емигранти. Само до крајот на 2015 година ќе пристигнат не помалку од 350,000 луѓе, а во следната година се очекува значително зголемување на нивниот број.

A Syrian refugee carries two children moments after arriving on a dinghy  on the Greek island of Lesbos, September 8, 2015. REUTERS/Dimitris Michalakis
Од Агенцијата побараа адекватни мерки за справување со проблемот.

“Очигледно е дека не може да има германско решение за општ европски проблем”, велат од таму, со оглед на фактот дека повеќето мигранти се обидуваат да стигнат до Германија, која најави дека ќе ги прифати сите дојденци.
За разлика од неа, Унгарија најави дека нема да им дозволи на овие луѓе да живеат постојано во земјата, а презеде и мерки против нив со изградбате на ѕидот на српската граница. Во Грција дојде до судири меѓу емигрантите и полицијате.
Како што е познато, стотици илјади бегалци и емигранти секоја година го преминуваат Средоземното море со примитивни бродови на шверцерите.
Тие бегаат од воени конфликти или едноставно бараат подобар живот. Но често, не ја постигнуваат крајната станица. Илјадници жртви беа регистрирани и оваа година, што ја принуди ЕУ да преземе итни мерки против криумчарите на луѓе. Италија и Грција веќе најавија дека не можат да се справат со протокот и побараа помош.
Се очекува денеска Европската комисија да го претстави својот план за справување со бегалскиот наплив. Планот најверојатно ќе вклучува квоти за распределба на бегалците по земји. Квотите ќе се определуваат во зависност од БДП на земјата, бројот на населението, нивото на невработеност и други карактеристики на секоја земја.

Слични содржини