Европа сака Брегзит веднаш, Шкотска става вето, а граѓаните сакаат повторно да гласаат

 

бритБританците очигледно сфатија дека со гласањето за Брегзит на референдумот си пукаа в нога, па сега масовно потпишуваат онлајн петиција за повторување на референдумот.

Нивниот премиер Дејвид Камерон, кој по резултатот поднесе оставка на својата позиција, рече дека ново изјаснување нема да има.

Европската унија е гневна, лидерите на најмоќните земји на Велика Британија порачаа дека разводот нема да биде пријателски и дека очекуваат што побрзо да се покрене процедура за излез.

Дејвид Камерон, кој на црниот петок најави оставка, нема намера да почне раздружување на Велика Британија со ЕУ. Тоа ќе го одработи неговиот наследник, кој конзервативците треба да го изберат на конвенцијата во октомври.

– Зошто би работел на најтешките моменти за друг да има корист?‟, наводно се пожалил Камерон на најтесниот круг на соработници, дознава „Индепендент“.

Претходно Камерон се обрати до јавноста порачувајќи дека од нов референдум нема да има ништо.британ

И додека некои европски лидери веќе ја предупредуваат Велика Британија да не одолговлекува, туку веднаш почнаа преговори за излез, Лондон не покажува знаци на брзање.

Во Берлин отидоа Франсоа Оланд, Матео Рензи и Доналд Туск. По средбата германската канцеларка Меркел изјави дека нема да инсистира на кратки рокови и дека Европската унија не треба да биде лоша кон Британија. Смета дека приоритетот на преговорите не треба да биде одвраќање на останатите членки од напуштање на европскиот блок.

Истовремено, Европскиот парламент и неговиот претседател Мартин Шулц сакаат процедурата за излез да почне што побрзо. На Британците имаат намера да им дадат рок за доставување официјален извештај до Брисел за резултатот од референдумот, пренесоа германските медиуми. За да почне долготрајната процедура за излез, Лондон мора официјално да поднесе барање за излез од Унијата.

Додека се чека почеток на процедурата, не престануваат да стигнуваат потписи за нов референдум. Парламентот ќе ја разгледа следните денови, но дебатата не може да ја доведе во прашање првичната одлука за излез од ЕУ.

Шкотска може да стави вето

Шкотска која гласаше за останување во ЕУ може да стави вето на Брегзитот. Првата министерка Никола Старџен најави за Би-Би-Си дека такво барање Владата ќе упати до Парламентот. Втор референдум за независност на Шкотска се чини извесен.

– Контекстот и околностите драматично се променија од 2014 година. Обединетото Кралство во кое Шкотска тогаш гласаше за останување, повеќе не постои. Ова е начин како најдобро да ја заштитиме стабилноста на Шкотска, рече Старџен.брит

Милијардерот Џорџ Сорос предупредува дека британската одлука за излез длабоко ја дестабилизира ЕУ и ја турка кон распад. На европските лидери тој им предлага обнова на Унијата на нови темели, со цел европскиот проект да може да се спаси.

Обединетото Кралство поради сето ова може да се распадне. Сепаратистичката партија на Северна Ирска веќе најави референдум за припојување на Ирска.

Ќе платат и луѓето и економијата

– Велика Британија може и не мора да постигне релативно подобар успех надвор од Европската унија, но нејзината економија и луѓето многу ќе страдаат на краткорочен и среднорочен период, рече Сорос, кој пред референдумот предупредуваше дека Брегзит ќе предизвика финансиски слом во Велика Британија.

И во Кина расте загриженоста поради последиците од британската одлука по глобалната економија. Во Кинеската централна банка оценуваат дека Брегзит може да значи крај на глобализацијата, што би било еднакво лошо и за светот и за Кина, предупредуваат тие.

Шокот од Брегзит го чувствуваат и меѓународните финансиски пазари. По остриот пад на фунтата, разнишано е и еврото, додека инвеститорите се вртат кон златото чија цена расте. Реагираат и кредитните агенции. „Мудис“ ги намали перспективите на британскиот рејтинг од стабилни кон негативни. Агенцијата предупреди дека Велика Британија ќе има послаб економски раст, како и дека ќе следи подолг период на нестабилност.

Слични содржини