Обемни претреси во седиштето на БМВ – сомневања за кршење на атнимоноплските правила

од desk4

Антимонополните регулатори на Европската комисија дошле и го претресувале седиштето на BMW во Минхен во врска со сомневањата дека компанијата учествувала во прекршување на атнимонополските правила. Европската комисија претходно издаде соопштение дека оваа седмица ги проверува информациите за сомневањата без да го спомене името на производителот на автомобили.

Претресите се поврзани со стравувањата на Комисијата дека неколку германски автомобилски компании може да ги прекршиле антимонополните правила на ЕУ кои не дозволуваат картелни договори и ограничувачки бизнис практики, гласи пораката, цитирано од Reuters.

Од BMW најавија дека соработуваат со Комисијата, а претресувањето не треба да се толкува како почеток на антимонополната истрага. На 21 јули германското списание Spiegel соопшти дека Volkswagen, Audi, Porsche, BMW и Daimler ги усогласиле активностите во областа на технологијата, цените, добавувачите и развој на методи за прочистување на издувните гасови кај дизел модели уште од 90-тите години на минатиот век.

Од тогаш наваму биле ангажирани околу 60 работилници во кои учествувале над 200 вработени на концерт. Целта на производителите е да се минимизира конкуренцијата меѓу себе.

Слични содржини