Обесштетување на граѓаните поради земјотресите, тема на расправата за буџетот

од Vladimir Zorba

На денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот, пратениците најмногу расправаа за обесштетување на грѓаните на Охрид, Ресен и Струга, поради штетите настанати од земјотресите. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа амандман со кој бараа два милиони евра за оваа намена, но истиот беше отфрлен.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски истакна дека ако се има политичка волја, новата влада со ребалансот ќе оддели два милиони евра.

– Со тоа ќе им се помогне на граѓаните да ја поправат штетата направена од оваа природна непогода. Сега вие го браните буџетот, односно ребалансот или ги браните интересите на граѓаните на Охрид кои што претрпеле штета  – додаде Милошоски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, преку друг амандман побараа и еден милион евра за обесштетување на туристичките работници поради претпените загуби во туризмот.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски истакна дека со ребалансот на буџетот, предвидена е ставка која се однесува на природни непогоди, а додека за туристичките работници рече дека се предвидени средства од ИПА-фондови./Meта

Слични содржини