Обезбедувањето на Груевски не го пуштило доставувачот да му ја предаде поканата за суд

од desk2

На денешната јавна седница во Апелациониот суд за предметот „Титаник“ судијката Лилјана Ивановска-Шопова рече дека обвинетиот Никола Груевски бил повеќепати баран во неговиот дом, но доставувачот на поканата не бил пуштен од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, објави Макфакс.

Обезбедувањето одбило да ја прими поканата, а Груевски бил и телефонски повикан. Судот констатира дека обвинетиот е уредно повикан на денешната јавна седница на која Апелациониот суд ќе расправа дали 1.000 прислушувани материјали ќе бидат доказ во постапката за предметот за изборни измами.

Во судницата присутни се ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески./Makfaks

Слични содржини