Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурсот за учество во Фулбрајт студентската програма, наменета за визитинг студенти – истражувачи и магистерски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2016 – 2017 година.

дипломци

На конкурост можат да се пријавата кандидати кои завршиле високо образование или се запишани на постдипломски студии. Тие треба да имаат познавање на англискиот јазик, доволно за да може да студираат или истражуваат во САД, како и да се граѓани на Република Македонија или да имаат дозвола за траен престој во земјата.

Сите информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција се достапни на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk. Крајниот рок за пријавување е 31 мај 2015 година.

Слични содржини