katica-janeva5-540x362

Порталoт Прес 24, го објави општиот работен план, персоналниот план и финансискиот план кој ги има изготвено специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, кои таа законски мораше да ги поднесе до Владата, Собранието и Советот на јавни обвинители.

Според финансискиот план на Јанева за поселдните три месеци од 2015 година се побаруваат 63 420 428 денари, или над 1 милион евра.

„Предвидените средства се проектирани како неопходни за Јавниот обвинител да ја изврши оваа, во моментот најодговорна функција во Република Македонија“ – пишува Јанева.

Таа очекува ефективно со работа да почне од 2 ноември, а првичните одлуки, односно, очекувано обвиненија од 15 декември до 15 март.

Провладиниот портал Прес24 во текстот упатува огромни критики кон Јанева, слично како и главниот уредник на Сител, Латас, во вестите завчера, што упатува на тоа дека на власта не и се допаѓа планот за работа на обвинителката.

Слични содржини