78
Надлежните во Финска го објавија името на напаѓачот кој во градот Турку уби две лица и рани уште осум.
Полицијата го рани, а потоа го уапси 18-годишниот Мароканец, Абдерахман Мека.
Тој во моментот е во болница.
Полицијата порано соопшти дека нападот го третира како терористички, а се наведува дека Мека намерно целел на жени.