Објавија листа на бактерии кои претставуваат најголема закана за човековото здравје

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација (СЗО) објави листа со бактерии кои претставуваат “најголема закана за човековото здравје”, бидејќи се резистентни на антибиотици, пишува британскиот весник The Times

Во листата на СЗО фигурираат семејствата бактерии кои предизвикуваат сепса, пневмонија, салмонела. Експертите во областа на јавното здравство предупредуваат дека отпорноста кон антибиотици може да претставува поголема закана за човештвото од ракот. Ако антибиотиците  ја изгубат својата ефикасност, клучните медицински процедури, вклучувајќи трансплантирање на органи, царски рез, замена на зглобови и хемотерапија можат да станат премногу опасни за извршување.  Околу 700 илјади. Луѓе во светот умираат секоја година поради резистентност на лекови инфекции и ако не бидат преземени дејствија, се очекува до 2050 година тој број да достигне 10 милиони луѓе годишно

Слични содржини