Облека која ви кажува зошто бебето плаче

од Vladimir Zorba

Изработена е бежичена бебешки облека наречена Exmobaby. Благодарение на неа родители ќе знаат која е причината за плачот на нивното дете, пишува Mail Online.

На Exmobaby ткаенината има вградено термометар, сезнор за мерење на срцевата дејност.
Пронајдокот им дава многу појасна идеја на родителите за тоа во каква состојба е на нивното дете.

На пример, кога се буди и почнува да се движи, тие преку СМС или е-пошта ќе добијат известување

Сензорите на Exmobaby, кои ги пренесуваат новите информации во една минута, исто така ќе ги информираат родителите за присуството на влага односно тие ќе знаат кога е време за промена на пелените.

Родителите можат рачно да ги прилагодат “претпоставките” што Exmobaby ги доставува, со што тоа им овозможува облеката да се негува и да ги информира со поголема прецизност во врска со состојбата на нивното бебе.

Освен тоа, родителите можат да го запишат сите информации во врска со детски статус, а во софтверот на Exmobaby и да побараат објаснување за тоа дали детето е гладно, заморено итн. “Технологијата се учи со текот на времето”, вели компанијата.

Exmobaby во моментов се тестира во болниците. Неговата цена е околу 100 долари плус надоместоци за услуги. Облека е водоотпорна, а има и вграден предавател кој пренесува информации до компјутер или smartphone. Исто така, има софтвер кој ги обработува информациите што ги добива.

Слични содржини