ОБНОВЕНА Најмалку 20 повредени во сообраќајката кај Велес- Фото

од Vladimir Zorba

  Најмлаку 20 лица се повредени вечерва откако свтобус со грчки таблички излетал надвор од коловозт на автопатот  Велес – Скопје. Повеќе екипи на Брза помош ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.

Во изјава за МИА директорот на Ургентниот центар во Скопје др. Илир Хасани потврди дека кај нив се примени десетина од повредените патници од кои еден е во тешка состојба.

– Во Ургентниот центар се примени околу 10-тина повредени од кои еден пациент се наоѓа во шок соба во потешка општа состојба со повреди на екстремитетите и телото. Во моментот другите се во фаза на иследување, рече др. Хасани.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (Стара Градска болница) др. Иван Спировски за МИА информира дека кај нив се примени шестмина кои се во фаза на испитување, а по извршените снимања ќе се утврди дали ќе бидат хоспитализирани. 

– Засега на Универзитетската клиника за хируршки болести се примени шест пациенти кои што се во фаза на испитување. Еден е потешко повреден со контузија на градниот кош и на стомакот и е во фаза на испитување на компјутер. Уште една пациенка е со скршеница на левата надлактица, изјави др. Спировски.

Во Болницата во Велес, пак, се примени осум лица од кои едно дете, но засега не соопштуваат повеќе детали. 

Како што информираа за МИА од МВР, сообраќајката се случила венерва околу 19 часот на автопатот Скопје – Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, кога автобус со грчки национални ознаки изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Поради сообраќајната незгода сообраќајот на автопатот се одвива отежнато по една коловозна лента/МИА

Слични содржини