Државната изборна комисија денеска не почна со предвидената теренска проверка на Избирачкиот список, инофрмираат од комисијата. Причина за тоа биле подготовките за целата процедура.

дикк

Според планот и најавите, ДИК денеска требаше да почне со теренската проверка на 89.383 запишани гласачи во Избирачкиот список, кои по вкрстената проверка се покажале како спорни.

Според проценката на ДИК, проверката ќе трае до 3 април. За оваа операција Комисијата започна и информатива кампања „Отворени врати“ и ги објави официјалните беџови што ќе ги носат анкетарите кои ќе одат од врата до врата.

дик 1

За 330.000 гласачи и адреси кои се покажаа како непостојани, во наредниот период ќе има теренска или административна проверка. Од ДИК појаснуваат дека за записите што не се потврдени во текот на вкрстената проверка постои одреден степен на сомневање, како, на пример, по основ на повеќе станари на една адреса или издавање државјанство или лична карта.

Граѓаните кои привремено се на  работа во странство ќе може да гласаат, но ќе треба да се пријават или во амбасадите и конзуларните претставништва, или да се стават на посебен избирачки список тука во Македонија.

Државната изборна комисија ќе брише податоците по три основи: по барање на граѓани, на барање на политички партии и по службена должност, преку управна постапка.

Слични содржини