Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ. денеска го осуди нападот во Скопје врз Саше Ивановски од страна на вицепремиерот за економија Владимир Пешевски, како и заканувачкото соопштение на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.

Dunja_Mijatovic

„По инцидентот владејачката партија објави соопштение во коешто го критикуваше новинарот дека бил провокативен додавајќи дека новинарите ќе ги сносат последиците доколку ја загрозат приватноста, слободата и правата на било која индивидуа. Ужасно е тоа што по нападот владејачката партија го осудува новинарот поради провокација, а не го осудува самиот напад“, рече Мијатовиќ.

“Јавните службеници и политичарите мора да имаат повисок степен на толеранција за критичкото известување и имаат должност да ги заштити сите новинари“, рече таа.

Мијатовиќ го поздрави фактот дека Пешевски потоа јавно се извинил, но е критична кон изјаата и заканите кои доаѓаат од владејачката партија.

Слични содржини