Обвинетите во „Монструм“ се пријавија во суд, немаат намера да бегаат

од desk2

Тројца од четворицата обвинети во случајот „Монструм“ во придружба на нивниот адвокат Насер Рауфи денеска дојдоа во Кривичниот суд во Скопје за да се пријават согласно решението од Врховниот суд да се јавуваат во Кривичниот суд двапати неделно.

По пријавувањето, еден од обвинетите Хаки Азири изјави дека немаат намера да побегнат никаде и оти очекуваат вистината да излезе на виделина.

– Ние немаме намера да избегаме никаде. Ќе се јавуваме редовно како што е пропишано според законот – изјави Азири.

Прашан кога очекува да почне новото судење, рече дека не знае и оти тоа зависи од адвокатот и како ќе одреди судот.

Во петокот Врховниот суд донесе решение со кое ги ослободи четворицата обвинети во случајот „Монструм“ и им определи домашен притвор и редовно јавување пред Кривичниот суд двапати неделно. Обвинетите поминаа пет години и седум месеци во затвор.

Слични содржини