Обвинителство почна истрага за уривањето на хеликоптерот кај Струмица во 2014 година

од desk2

По три години од хеликоптерската несреќа кај Струмица, во која загинаа четворица пилоти, Основното јавно обвинителство – Струмица почнало истражна постапка против три лица.

На 10 јули 2014 година, се урна хеликоптер тип „ми 17 в5“ со регистарска ознака МАП 7712, во сопственост на МВР Скопје. Загинаа пилотите Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

„Бројните прибрани докази и извршени анализи до овој момент отвораат сомнеж дека лицата извршиле кривично дело – тешки дела против општата сигурност од чл.292, ст.2, а во врска со чл.288 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од јавното обвинителство.

Осомничените ќе бидат сослушани, заедно со сведоци, се вели во соопштението, во кое се наведува дека досега се побарани различни вештачење во врска со несреќата.

Слични содржини