Обвинителството истражува како бил потрошен половина милион евра за палмите што овенаа

од desk2

Oсновното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал истражува кој и зошто одлучил да се набават африканските палми засадени во време на претходната владејачка гарнитура, а кои не преживеаја зимата и се уништија, пишува порталот Правосудство.

Инаку, иницијатива потекнала од пензионер од Скопје кој, со помош на институцијата Народен правобраниел, побарал да се истражи дали постои злоупотреба на службената должност во повеќе институции и од повеќе лица во набавката на палмите, кои, пак, се покажаа неадекватни за македонските климатски услови,

Пензионерот пресметал дека само со набавка на палмите, Буџетот на Република Македонија е оштетен за близу 500.000 евра, а дека не се открило колку пари дополнително се потрошени за заштита на палмите.

Слични содржини