Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал (ЈОРМ) синоќа соопшти дека ја завршило проширената истражна постапка за настаните во „Диво Насеље“ од 9 и 10 мај минатата година. Станува збор за истрага против седум македонски државјани, осомничени за кривичните дела терористичка организација и тероризам.

12380156_1533775070270932_1099023535_n

Во соопштението се наведува дека до одбраната е доставено известување за законскиот рок во кој одбраната може да изврши увид во доказите.

ЈОРМ во октомври минатата година соопшти дека врз основа на прибавените докази и преземените дејствија од истрагата ја прошири истражна постапка за уште седум македонски државјани на кои им беше одредена мерка – притвор.

 

META

Слични содржини