Обвинителството поднесе кривична за едно лице за серијата „Македонија“

од desk2

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднело кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик.

Лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм во периодот од октомври 2016 година до септември оваа година, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68.000.000 денари. Имено, при постапката за финансирање на Проектот – играна серија „Македонија“, осомниченото лице овозможило Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран филм“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со противправна имотна корист во погоре наведениот износ, а на штета на Буџетот на Република Македонија.

За овој случај Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, минатиот месец отвори предистражна постапка, денешната кривична пријава е земена во работа и по истата се постапува.

Слични содржини