Обвинителството ревизија не го лази

од Vladimir Zorba

Државниот завод за ревизија констатира неправилности во работата на државните инситуции, но сè останува на тоа, ретко кога останатите институции кои треба да утврдат дали е извршено кривично дело го казнуваат сторителот, информира РСЕ.

0b98484a-5e9d-4b0e-89df-29eb15a68ac3_cx0_cy10_cw0_w987_r1_s_r1

Ревизорскиот извештај во кој пишува дека вработените во Министерството за образование и наука направиле ненаменски расходи од 203,000 евра е последниот во низата во кои Државниот завод веќе неколку години детектира злоупотреби и оштетувања на државниот буџет.

Стручната јавност изразува загриженост зошто досега надлежните институции кои треба да бидат стожери на законско работење не утврдиле дали се извршени повреди на законот и во колкав обем. Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски е дециден дека проблемот е во Јавното обвинителство кое подолго време има незаинтересиран однос за повеќе наводи кои беа документирани и изнесени во медиумите.

„Кога има сознанија дека државен ревизор извршил ревизија, констатирал бројни повреди со кои е нанесена штета на буџетот и е прибавена материјална корист, Јавниот обвинител е тој кој по допрен глас или по доставен извештај треба да формира сопствен предмет и да почне со истражување. Ако ревизорот ја завршил работата, извештајот се доставува до службите, а еден примерок и до ЈО. Понатаму третманот на извештајот е во рацето на ЈО за да утврди дали е извршено кривично дело, кој е сторителот и во кој обем е нанесена материјална штета”, вели Трпеновски.

Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија укажува дека од моментот на објавување на извештаите на Државниот ревизор и нивното доставување до Јавното обвинителство процедурата трае долго. Таа укажува на игнорантскиот однос и на други надлежни институции кои треба да утврдат дали е извршено кривично дело и кој е сторителот. Експертите велат дека за истражување на наводите за злоупотреби потребно е поголемо вклучување и на органите на прогонот.

„Има законски решенија и има институции кои треба да ги спроведуваат законите. За жал тоа не се прави, со што се праќа порака дека оние што се на челните позиции во институциите може да продолжат да прават што сакаат. Ова не е добро за државата. Никој не казнува, иако висока институција како Државниот завод констатира злоупотреби“, вели Јаневска – Делева.

 

Целиот трекст можете да го прочитате тука

Слични содржини