Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1 август 2015 година. Ваквото решение Владата го предложи откако анализите покажаа дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведе ги исцрпеа ефектите што се сакаа да се постигнат.

9913EF1D-317F-47DA-B437-10CBE42292F9_cx0_cy15_cw0_mw1024_s_n_r1

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информираше дека законските измени за укинување на обврската за плаќање придонеси за здравствено и пензиско осигурување за договорите на дело, авторските договори и слични договори се донесени на седница на Владата.

– Измената што се предлага, односно укинувањето на плаќањето на придонесите за договорите на дело и авторските договори или популарно наречените хонорарци се прави од причина што со неколку други мерки на Владата се исцрпеа ефектите што сакавме да ги постигнеме. Во последните три месеци се рализираше и проектот „Македонија вработува“ која што овозможува ослободување во период од една до пет години од плаќањето на придонеси на лица што ќе бидат вработени од страна на приватниот сектор и со тоа практично околу 4.000 лица во РМ веќе имаат стекнато статус на редовен работен однос и за нив се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, појасни министерот Ставрески.

Според Ставрески, со ова решени Владата излегува и во пресрет на барањата кои во јавноста беа изразени бидејќи, како што рече, нашата намера беше да помогнеме во делот на регулирање на правата од работен однос и исто така да овозможиме сите лица да имаат рамноправен статус, а сепак во јавноста се создаде слика дека постојат други причини поради кои се прави како полнење на буџетот.

Потсети дека обврската за уплата на придонеси беа направени во функција на овозможување на лицата што се на договори на дела, авториски договори и други слични договори да можат да уплаќаат придонеси и со тоа да ги имаат решено прашањата на користење на услугите во здравствениот систем и кога ќе дојде време за пензионирање исто така со уплатата на придонесите да имаат можност и да добијат пензија, но и да се зголеми нивото на пензијата.

 

Фото: РСЕ

Слични содржини