Од денеска до четврток ќе има посебен сообраќаен режим поради Дигиталниот самит

од desk2

ВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу хотелот „Александар палас“ и спортскиот центар „Борис Трајковски“, поради Дигиталниот самит кој ќе почне утре. Посебниот сообраќаен режим ќе почне од денеска во 15 часот и ќе важи до четврток.

„Со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите 8 Септември, Илинден како и другите сервисни улици кои што гравитираат кон двата објекта. Исто така, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром“, информираат од МВР.

Слични содржини